Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 21.10.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

На магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Смоквица, поради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена  измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот се поставени од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци.

Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч. се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности.

И на неколку други места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.