Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 13.12.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла има до 40м на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка и 60 до 80м. на планинскиот превој Стража

На неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево