Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 25.10.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Меѓуградска автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај е скоро нормализиран, а меѓународниот автобуски сообраќај е нормализиран кон сите држави, освен кон Црна Гора, Косово, Грција и Бугарија кон кои воопшто не се одвива.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива редовно.