Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 24.02.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

ДОО "Стентон Градба" - Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско (транзитен дел низ Велес) од 24.02.2020 ќе има времено изменет режим на сообраќај се додека траат градежните работи.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево