Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:15 часот на ден 27.02.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. ќе се  одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт),  во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. 

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.