Печати

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:20 часот на ден 01.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Поголеми врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка - ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Во 06:00 часот. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.

Во 06:40 часот се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Посети: 26