Печати

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 02.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Од 08:10 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар. Од раните утрински часови укинати се и забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

На повеќе места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Посети: 24