Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 07:45 часот на ден 03.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Поради новонастанатата состојба со корона вирусот одвивање на железничкиот патнички сообраќај од Скопје кон Куманово е прекинат.

Mеѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редуцирано, а заради состојбата со корона вирусот сообраќајот кон Дебар, Куманово, Битола и Прилеп е целосно во прекин. Меѓународниот автобуски сообраќај воопшто не се одвива.