Печати

Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 04.04.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради новонастанатата состојба со корона вирусот одвивање на железничкиот патнички сообраќај од Скопје кон Куманово е прекинат.

Mеѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редуцирано, а заради состојбата со корона вирусот сообраќајот кон Дебар, Куманово, Битола и Прилеп е целосно во прекин. Меѓународниот автобуски сообраќај воопшто не се одвива.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

 

Посети: 26