Од Институтот за трансфузиона медицина на Р.С. Македонија известуваат дека на ден 06.02.2020 година планирани се крводарителни акции во Центар за обука на кадри на МВР – Скопје, со вработените и со граѓаните во ПС Делчево и во Риболовно друштво Мак Дам – Куманово.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Р.С. Македонија известуваат дека на ден 05.02.2020 година ( среда ) планирани се две крводарителни акции и тоа: со членовите од планинарскиот спортски клуб Диме Илиевски - Мурато – Битола и со граѓаните на Тетово.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден ден 04.02.2020 година (вторник) се планирани следните крводарителни акции: со граѓаните на Конче –Радовиш, со вработените во ПС Охрид, со вработените во ПС  Велес и со вработените во Комисии за прекршоци на СВР и Увидна полиција Скопје.

Од Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија известуваат дека на ден 03.02.2020 година (понеделник) планирана е крводарителна акција во ПС Кичево.