Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 02.03.2021 година (вторник) поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 80 мм  на ул. Демир Трајко бр.10б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Демир Трајко. ( општина Карпош )

Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозен дефект во водоводната линија-Лешница, водата во градските резервоари драстично е намалена. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење  во сите ризични делови на градот од 24.02.2021 година почнато е со рестрикции и тоа од 08.00 до 11.30 часот, од 15.00 до 18.00 часот и од 00.00 до 05.00 часот. Рестрикциите ќе траат се  до отклонување на дефектот

Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозен дефект на водоводната мрежа на изворите на „Лешница“ на Попова Шапка, дотокот на вода во градските резервоари во Тетово е драстично намален и изнесува околу 150 л/с и истиот не е доволен за редовно водоснабдување на граѓаните. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење на сите граѓани, од 24.02.2021 година на сила се рестрикции на водоснабдувањето и тоа од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот. Од страна на ЈКП „Водовод“ Тетово  активирани се четири бушени бунари во градот и тоа кај спортскиот центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика Едтко и кај општинското средно училиште „Моша Пијаде“ Тетово.

Од ЈКП „Комуналец“ - Гевгелија известуваат дека заради изместување на водоводна линијана ул.1-ви Мај во Гевгелија од 08:00 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од  улиците 1-ви Мај, Мирче Ацев, Рајко Жинзифов, Илија Миов, Загребска, Јосиф Јосифовски, Ристо Фршинин и Кирил и Методиј.