Заради поврзување на стара водоводна мрежа со нова водоводна мрежа на улиците Антон Велков и Никола Карев во нас.Ченто, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истите улици (опш.Гази Баба).

                Заради реконструкција на водоводна мрежа на ул.Козле (во близина на бензинската пумпа на Макпетрол), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козле-висока зона, додека со намален притисок на водата ќе бидат корисниците од населбите Жданец и Нерези (опш.Карпош).

                Заради реконструкција на водоводна мрежа од 08:00 часот до 15:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата Долно Свиларе и Кондово (опш.Сарај).

                Заради чистење и хлорирање на  левата комора во резервоарот за питка вода „Синѓелиќ“, на ден 10.05.2018 и 11.05.2018 година (четврток и петок), во периодот од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, можно е да има мали прекини во водоснабдување за корисниците од нас.Синѓелиќ (опш.Гази Баба).

                Заради отстранување појавен дефект на приклучна водоводна цевка на ул.Орце Николов бб кај Вардар Мебел во нас.Дебар Маало, од 09:00 часот до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.Орце Николов на потегот од ул.Ѓорѓи Пулевски до ул.Костурски Херои (опш.Центар).

Поради чистење и хлорирање на резервоарот Синѓелиќ од 09:00 часот, до завршување на работите, можно е да има мал прекин во водоснабдувањето на корисниците од нас.Синѓелиќ (опш.Гази Баба).
Поради поврзување од стара водоводна мрежа Ф – 110 мм на нова водоводна мрежа Ф – 150 мм на улиците Антон Велков и Никола Карев во нас.Ченто, без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците од истите улици (опш.Гази Баба).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека на ден 08.05.2018 година, заради чистење и хлорирање на резервоарот Драчево, од 09:00 часот до завршување на работите, можно е да има мал прекин во водоснабдувањето на нас.Драчево (опш.Кисела Вода);

Исто така, на ден 08.05 и 09.05.2018 година заради чистење и хлорирање на резервоарот Синѓелиќ, од 09:00 часот до завршување на работите, можно е да има мал прекин во водоснабдувањето на корисниците од нас.Синѓелиќ (опш.Гази Баба).

Денес и утре ќе се започне со чистење и хлорирање на резервоар Драчево поради што од 09:00 часот, до завршување на работите, можен е мал прекин во водоснабдувањето во нас.Драчево (опш.Кисела Вода).