Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 24.09.2018 година, поради чистење и дезинфекција на десната комора од резервоарот Драчево, од 08:00 часот, до завршување на работите, можно е да има намален притисок на водата во населеното место Драчево (опш.Кисела Вода).

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуват дека на ден 21.09.2018 година, поради дефект на приклучна цевка на ул.Кеј 13ти Ноември бб (кај старата автобуска станица кај Дрво Декор), од 09:00 часот, до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Мирче Маца и околните улички (опш.Центар).

 

 

Од ЈП Водовод Канализација Скопје известуваат дека на ден 20.09.2018 година (четврток) заради дефект на затворач од Ф-100mm на ул. „Бутелска“ крстосница со ул. „Призренска“ во населба „Бутел 1“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Бутелска“, „Призренска“, „Коле Канински“, „Марко Крале“, „Галичник“  од 09:00 часот до санирање на дефектот. (Општина Бутел)

 

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 19.09.2018 година, поради чистење и дезинфекција на левата комора во резервоарот Драчево, можно е да има намален притисок во населеното место Драчево и тоа во периодот од 08:00 часот до завршување со дезинфекцијата (опш.Кисела Вода). Исто така, поради промена на вентил од Ф-2“ на ул. Македонија бб во населбата Центар, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на потег од улиците: Даме Груев до Димитрие Чуповски и Даме Груев од полициска станица Беко до ул.Македонија во периодот од 09:00 па се до завршување на превземената активност. ( опш. Центар).