Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 18.09.2018 година ги најавуваат следните интервенции:

  • Поради дефект на огрлица на водоводна мрежа Ф – 400 мм на ул.Никола Карев бр.129, од 09:00 часот до санирање на деектот, без вода ќе останат корисниците од нас.Момин Поток (Криви Дол) и црквата „Св.Ѓорѓија“ (опш.Карпош);
  • Поради дефект на ПП хидрант Ф – 80 мм на ул.Мирче Оровчанец бр.15, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од истата улица (опш.Центар);
  • Поради изведување на водоводен приклучок Ф – 100 мм на ул.Рајко Жинзифов бр.20, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од истата улица (опш.Центар).

 Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 14.09.2018 година, поради водоводен приклучок Ф – 100 мм на ул.Јордан Мијалков бб, од 09:30 часот, до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од улиците 50та Дивизија, Јордан Мијалков и Панче Караѓозов, Министерство за здравство и неколку други објекти (опш.Центар).

 

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден на ден 12.09.2018 година, поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник  Ф – 125 мм на ул.Орце Николов бб (кај фонтаната на плоштад Македонија), без  водоснабдување од  09:00 часот до завршување на интервенцијата,  ќе останат корисниците од дел од улиците Орце Николов, Скопска, Никола Кљусев и  Кеј 13 – ти Ноември (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 11.09.2018 година заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 200 мм на ул. 14 бб во нас. Припор, без водоснабдување од 08:00 до завршување на интевенцијата ќе останат корисниците од 2-ра зона „Припор“. ( опш.Кисела Вода). Исто така, заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 мм на ул. Димитрија Чуповски бб (пред Просветно Дело), на ден 11.09.2018 год. (вторник), без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица на потегот од гимназијата Јосип Броз Тито до ул. Никола Вапцаров. (опш. Центар)