Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека поради реконструкција на водоводна линија, што ќе се изведува кај новиот кружен тек помеѓу ул.Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24ка), на ден 10.08.2018 година, без вода за пиење од 20:00 часот  до завршување на работата ќе останат населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – станбените објекти над  5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од населбата Кисела Вода на ул.Христо Татарчев – крак 1–11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул.Борис Трајковски и дел од бул.Србија (од новиот кружен тек до бул.Борис Трајковски). Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација“ е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле во периодот од 08:00 до 14:00 часот наредниот ден 11.08.2018 година. Бидејќи ќе се работи во текот на ноќта, ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат (општини Аеродром, Кисела Вода и Сопиште).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок на ул.Пушкинова бб, од 09:00 часот до завршување на работите, без вода ќе бидат корисниците од истата улица (опш.Кисела Вода).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека на ден 07.08.2018 година поради  изведување на водоводен приклучок на ул.Пушкинова бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од истата улица (опш.Кисела Вода).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека заради промена на затворач на водоводна мрежа на крстосницата од улиците Аминта Трети и Чедомир Миндеровиќ, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од дел од улиците Аминта Трети, Чедомир Миндеровиќ и Антонио Грубишиќ (опш. Центар).