Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека  на ден 21.07.2018 год. (сабота), поради дефект на затварач со димензија ф-100 мм., на Бул. „Партизански Одреди“, раскрсница со ул. „Рајко Жинзифов“ , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Костурски Херои“ до порта Буњаковец и ул. „Рајко Жинзифов“ на Потегот од Партизанска до ул. „Борка Талевски“ од истата улица од 08:00 часот па се до завршување на истиот. (опш. Центар).

 

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека  на ден 20.07.2018 (петок), поради давање на водоводен приклучок од ф–80 мм на ул.Козара бр.20, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од ул.Козара. (опш.Центар); Истиот ден поради реконструкција на водоводна мрежа од ф–100 мм на раскрсница меѓу улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Маџар Маало, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало. (опш.Центар).

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека  на ден 19.07.2018 година заради  реконструкција на водоводна мрежа со пречник  од Ф – 100 мм на ул.Бојмија раскрсница со ул.23-ти Октомври, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул.23-ти Октомври, ул.Бојмија - кулите 2, 4, 6 и 8 и куќите од ул.68 и ул.69 (опш.Аеродром).

 

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека  на ден 18.07.2018 година, поради дефект на огрлица од Ф-80мм на ул.Црвена Вода 7 во населба Дебар Мало, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Црвена Вода од 09:00 часот до санирање на дефектот (опш.Центар).