Поради дефект на главната водоводна линија, Денес од о7.00 часот утрово без вода се населбите Дујле, Исар, Ново село, Пребек, Железничка и индусртиската зона во Штип. Екипите на ЈП Исар работат на отстранување на дефектот.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известуваат дека на ден 13.07.2017 година, поради уличен дефект на ул.Цветан Димов бр.98, без  водоснабдување од 06:30 часот до завршување на дефектот ќе останат  корисниците од истата улица  а со намален притисок ќе бидат ул.Серава и Гинекологија Чаир (опш.Чаир); Поради давање на водоводен приклучок на висока и ниска зона на ул.Коста Новаковиќ бб, прекинато водоснабдување од 05:30 часот  ќе имаат корисниците од ул.Коста Новаковиќ згр.1, 5, 9, 18, 20 и 22, ул.Вангел Тодоровски згр.4 и 6, ул.Владимир Комаров (23 Октомври) згр.36, 38 и 40 како и касарната (опш.Аеродром).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известуваат дека на 12.07.2017 г. среда, поради дефект на затворач од типот „шибер“ на водоводни цевки на Бул.Србија до Бензиката пумпа „Лук Оил“, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците покрај Бул.Авној. (Општина Аеродром).

Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека поради уличен дефект  во с.Студеничани  прекинато водоснабдување  од 08:30 часот имаат корисниците  од с.Студеничани (опш.Студеничани).

Од ЈП „Исар“ Штип известуваат дека заради пукната водоводна цевка од 09:00 часот без водоснабдување се улиците Солидарност, Панче Караѓозов, Сремски фронт, Цвета Јованова и Пролетерска.

Поради недостаток на вода во Неготино има дневна од 12:00 до 15:00 часот и ноќна рестрикција од 23:00 до 05:00 часот.