Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 28.01.2021 (четврток) заради реконструкција на мрежа од Ф 400 mm на Булевар Никола Карев ББ, прекинато водоснабдување ќе има Резиденцијата на МПЦ  и куките и фирмите во Момин Поток. од 09:30 часот и ке трае се до санирање на дефектж (о. Карпош)

Од ЈП „Стандард“ - Дебар  известуваат дека водата во Дебар и дел од Центар Жупа е заматена. Се препорачува превривање пред употреба.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 27.01.2021 година (среда), поради отстранување дефект на  водоводна мрежа со пречник од  ф-80 мм на ул. Стив Наумов крстосница со ул. Јосиф Јосифовски - Свештарот, од 08:00 часот до завршување со активностите,  прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од  од улиците: Стив Наумов, Тетовска, Златко Шнајдер како и објектите на  Сообраќајната Полиција и Амбулантата на МВР. ( Општина Центар )

Од ЈПКД „Комуналец“ - Гевгелија известуваат дека на ден 27.01.2021 година заради реконструкција на водоводна линија на крак од ул.Кукушка, прекинато водоснабдување од 08:00 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улиците Кукушка и Моински Пат во Гевгелија.

Од ЈП „Стандард“ - Дебар  известуваат дека водата во Дебар и дел од Центар Жупа е заматена. Се препорачува превривање пред употреба.

Од РЦУК Охрид известуваат дека водата во Дебар и дел од Центар Жупа е заматена. Се препорачува превривање пред употреба.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 25.01.2021 (понеделник), поради промена на два затворачи од Ф-400мм на Бул.М.Т.Гологанов раскрсница со Бул.8 ми Септеври во населба Тафталиџе , без  водоснабдување  од 09:00 часот до санирање на дефектот, ќе останат  корисниците на дел од ул.Атинска, Бул.М.Т.Гологанов згр,бр.72 и 74 и пунктот на Пожарна. (општина Карпош)