Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека на ден 03.10.2017 година, поради изведување на водоводен приклучок на ул.Маршал Тито бб спроти училиштето во с.Сарај, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од селата Сарај, Грчец, Глумово, Шишево и Матка (опш.Сарај).