Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради промена на вентили во шахти на ул.Илија Димовски бр.1Б и бр.5А во нас.Лисиче, од 11:00 часот без вода се корисниците од нас.Лисиче – бараките (опш.Аеродром).

Поради дефект на водоводна цевка на ул.Бутелски Венец бр.34, од 23:00 часот, без вода се дел од корисниците од истата улица, дел од ул.Пелагонија, дел од бул.Македонско Косовска Бригада, дел од с.Визбегово и Затворот во Шуто Оризари (опш.Шуто Оризари).

Од ЈКПД „Комуналец“ – Гевгелија, известуваат дека поради монтирање на мерно-регулациона опрема на регионалниот цевковод, како и санирање на дефект на ден 06.10.2017 година, од 09:00 часот до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бензинска пумпа Шимов (на влез во Гевгелија до граничниот премин Богородица), како и селата Богородица, Стојаково и Селемлија.