Од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје известуваат дека на ден 10.10.2017 година, поради дефект на затварач на водоводна мрежа на ул. Вич бр.24 и бр.26, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе останат корисниците од истите згради на истата улица (опш.Карпош).

Поради уличен дефект на потисна мрежа помеѓу резервоари Припор 1 и Припор 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците кои добиваат вода од резервоар Припор 2 (корисниците  ќе имаат вода се додека има вода во резервоарот), од 09:00  часот до санирање на дефектот (опш.Кисела Вода).

Поради уличен дефект на ул. 2 во с.Студеничани, прекинато водоснабдување имаат корисниците од с. Студеничани од 01:00 часот до санирање на дефектот (опш. Студеничани).