Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 02.12.2020 година (среда), прекини во водоснабдувањето ќе има поради следните интервенции:

- поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од  ф-80мм на ул.Роза Луксембург 21, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Роза Луксембург како и делови од улиците: Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Христо Смирненски, од Митрополит Теодосиј Гологанов,  Костурски Херои,  Борка Талевски и  Диме Аницин (опш.Центар);

-  поради  отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од  ф-100 мм на ул.1632 бр.32 ( кај Кванташки пазар), од 09:00 часот до завршување со активностите прекинато водоснабдување имаат корисниците од истата улица (опш.Гази Баба);

- поради уличен дефект на ул.Дижонска кр.13 бб, од 00:15 часот прекинато водоснабдување  до завршување со активностите ќе имаат корисниците од крак 13, 15 и 17. ( Општина Чаир )