Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево, во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот сончево. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.