Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.