Од УХМР известуваат дека денес наутро понекаде ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно облачно и слаб променлив ветер. Попладне од запад ќе започнат врнежи од дожд кои ќе се прошират кон исток во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег, а преку ноќта и особено на северот снег ќе провејува и на повисоките места. Од крајот на денот ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер кој ќе е најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје наутро магливо, а преку денот облачно и претежно тивко. Попладне ќе има услови за повремен дожд и од крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро повремен снег ќе има на планините, а понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува студено време, од среда ќе биде  облачно со повремени локални врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а ќе дува поинтензивен јужен ветер.