Од ДЗС Битола известуваат дека на ден 01.12.2020 година, од локацијата кај градскиот стадион под Тумбе Кафе се подигнати 800 артилериски гранати со калибар од 75мм од Првата светска војна. Истите се пренесени во магацинот за потамошно постапување. Од почетокот на акцијата до денес се подигнати вкупно 11 504 артилериски гранати.