Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 02.12.2020 година во 14 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа  во Скопското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот најсилно беше почувствуван од граѓаните во Скопје, со интензитет IV-Vстепени според Европската макросеизмичка скала.