Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 30.12.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено.

Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани на ден 30.12.2020 (среда) во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Од меѓуградска автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај се одвива редуцирано, сеуште не се одвива автобускиот сообраќај кон Делчево и Македонска Каменица, а Меѓународниот автобуски сообраќај  се одвива редуцирано со тоа што кон Црна Гора, Бугарија и Грција сеуште нема автобуска линија

Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива редовно.