Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 24.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од РЦУК – Куманово известуваат дека на  локалниот  патен  правец с. Крилатица - с.Ранковци поради оштетување на мост (пропуст) на Крива Река сообраќајот не се одвива.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 23.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 19.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од РЦУК- Кочани известуваат дека поради вежбовни активности на ПС- Кочани на ден 19.01.2021 година од 08:00 до 16:00 часот,  патниот правец Кочани- Пониква ке биде во целосен прекин.

Во извештајот добиен од Македонија Пат и АМСМ во 06:00 часот на ден 17.01.2021 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со помали остатоци од снег на коловозот. Забележани се мали одрони на правците Дебар-Маврово и Дебар-Струга кои редовно и брзо се расчистуваат.