Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 29.11.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од фирмата Дамарградба Дооел Скопје, известуваат дека за потребите на самата фирма, на ден 30.11.2020 година на објектот во изградба на ул.Манчу Матак бр.41, делумно ќе ја затворат улицата поради бетонирање, во периодот од 09:00 до 17:00 часот. За истото ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Меѓуградска автобуска станица известуваат дека меѓуградскиот автобуски сообраќај и меѓународниот автобуски сообраќај се одвива редуцирано.   

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно.

Авиосообраќајот се одвива редовно.