Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 6 до 13 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови повторно времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.