И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град. Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.