Од Град Скопје – сектор за комунални работи известуваат дека авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 21.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 21.06.2021 (понеделник) до 25.06.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.